Blue moon

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Blue moon | Num. of pages: 120 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век. Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на улица или во семејните разговори. Се соочува со судир на младешката супкултура и трауматичното семејно наследство. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Романот претставува слоевитозбогување на јунакот со една младост и со едно време на безгрижност и студентска слобода и влегување во „светот на возрасните“, односно во сериозната доба во животот. Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната а идниот избезумен татко од прозорецот гледа како минува камион полн со мртви тела. Во приказната има епизоди од детството на главниот лик, кои всушност се случуваат во Лика – родниот крај на нетипичниот хрватски писател Дамир Каракаш. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е автобиографски.

Price: 150 ден

4 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Blue moon

Categories: ,
SKU: 978-608-252-108-4

Questions and Answers

You are not logged in