Бунт
Нобеловецот Владислав Рејмонт (1867-1925) е еден од најистакнатите и најплодните полски романописци. Маестралното дело Бунт се смета за инспиративна основа на Орвеловата Животинска Фарма, чија несекојдневна приказна го плени секој читател. Овој роман претставува антиутопија, исмевање на Октомвриската Револуција и тоталитаритарниот карактер на комунизмот. Поради тоа е забранет во периодот од 1945-1989 година. Со паѓањето на железната завеса, романот Бунт станува многу актуелен и се стекнува со светска слава. Романот во кој главните ликови се животни, зборува за една историска ситуација што циклично се повторува: барањето правда секогаш завршува со крвав пресврт.
Reviews
There are no reviews yet.