Чевли за доделување Оскар
Автор:
Мелина Камериќ
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Cipele za dodjelu Oskara |
Бр. на страни:
131 |
Димензии:
17 см
|
Корица:
/
Едиција Урбан флуид, книга 16 Кога некој ќе успее на една и пол страница да внесе тага поголема од Сибир, меланхолија погуста од мед, неколку несреќни животи и чифт блескави чевли кои врескаат и блескаат како спектаклот на доделување Оскар, но нив ги слуша само онаа што ги поседува и никој друг, никогаш повторно, тогаш се работи за ретко видено мајсторство, за приказна која трае цел живот иако не е подолга од вест на интернет, за приказната „Чевли за доделување Оскар“ од Мелина Камериќ. Круно Локотар, уредник на Алгоритам Она што има да го каже, таа успева да го збие, да го екстрахира, да го сублимира во кратки прозни форми, кои се толку набиени што нејзините јунаци би можеле да бидат достојни и за класичната романсиерска форма. Токму тоа умеење, на мал простор да се опфати животот во сета своја исполнетост, ѝ го обезбедува на Мелина Камериќ местото меѓу најдобрите раскажувачи на просторот на кој денес се говори јазикот кој го нарекуваме босанско-хрватско-српско-црногорски јазик. Владимир Арсениќ, книжевен критичар за белградски Дневник Книгата на Мелина дефинитивно е одличен прирачник од кој дознаваме на што мислат жените кога нè сакаат. Дамир Узуновиќ, Buybook Книгава ќе помести многу луѓе од место. Читање – на сопствена одговорност! Игор Исаковски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.