Човековото тело
Author:
Паоло Џордано
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Човековото тело |
Num. of pages:
317 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
/
Кој верува во војската, не е во опасност да потфрли, ниту се плаши од болката и од смртта, зашто болката и смртта се средства со чија помош таа се служи со тебе.
Премалени од жештината, од здодевноста и од стравот од опасностите што ги демнат, а секој ден им изгледаат сè понестварни, група италијански војници во една истурена оперативна база во Авганистан, „песочен бедем изложен на опасности“ далеку од сè што им е блиско и познато, се принудени нагло да созреат и самите да се справат со туѓината и сопствената несигурност. Ноќе, кога базата тоне во целосен мрак и тишина, единствените звуци што ги слушаат се рамномерното дишење, биењето на срцата, шумот на внатрешните органи – непрестајната работа на нивните тела.
А потоа, една навидум банална одлука ги втурнува во вистински пекол, па сите, и оние на кои војската им е сиот живот и оние кои отишле во војска за да побегнат од животот, ќе откријат кои се и какви се.
Човековото тело е роман за војната во разните нејзини отелотворенија – меѓу кои и невидливата и мошне опасна војна со самиот себе. Човечка и човечна приказна за една загубена младост, која ќе ве насмее и растревожи кога најмалку очекувате.
Reviews
There are no reviews yet.