Да можеш да ме видиш сега

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: If you could see me now | Бр. на страни: 291 | Димензии: 21 cm | Корица: /

Елизабет е жена во чиј живот нема место за импровизација и случајности. Сѐ си има свое место и сѐ во нејзиниот живот е совршено и под контрола нема место за ништо друго.

Единственото нешто што не успева да го одржи под контрола, и кое постојано ја изненадува, е нејзината сестра Саоирс.

Елизабет постојано се труди да го средува хаосот кој Саоирс го остава зад себе.

Како постара Елизабет успеала да го одржи домот целосен кога ги напушта мајка им, а истовремено го продолжува и школувањето. Кога Саоирс го раѓа Лук таа повторно ја прифаќа улогата на мајка, и го напушта Њујорк за да се врати во Ирска и да се грижи за сестра си и внукот.

На шест годишна возраст Елизабета открива дека Лук има измислен пријател - Иван. Кога таа го среќава човекот по име Иван мисли дека тоа е таткото на некој од другарчињата на Лук, но не може ни да замисли дека тоа е всушност измислениот пријател Иван.

Неговото присуство во животот на Елизабет менува сѐ. Тој ја охрабрува Елизабет да го извлече детето во неа на површина, и да почне да се забавува, наместо постојано да се грижи за се во животот. И нејзиниот однос кон работата се менува.

Иван успеал да ја натера да почне самата да се разбира и на крајот таа им простува на сите оние кои допринеле предвреме да порасне и да созрее.
Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Да можеш да ме видиш сега

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-111-2

1 оценка за Да можеш да ме видиш сега

  1. Rated 4 out of 5

    Даниела Карастојанова (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in