ДЕНОВИТЕ КОГА ГОВОРЕШЕ ТИШИНАТА

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: / | Num. of pages: 185 | Dimensions: 130 x 195 | Cover: мека

Меретe Линдстром (Merethe Lindstrom) е родена 1963 година. Таа е уважена норвешка писателка, авторка е на четиринаесет прозни книги што досега се објавени, седум книги со новели и седум романи. Таа е меѓу најзначајните современи норвешки раскажувачи, а за својот роман Деновите кога говореше тишината, објавен во 2011 година, го доби најпознатото скандинавско литературно признание, наградата на Нордискиот совет за книжевност. Тој нејзин роман, како, всушност, сите нејзини досегашни прозни дела, се одликува, пред се, со беспрекорен стил, мирно и тивко кажување, со над сè јасно, цврсто и прегледно развивање на дејството. Приказната за постара брачна двојка во која мажот станува сенилен, а нивните ќерки ја поттикнуваат мајката да го смести таткото во Дом за стари и болни лица, се проблематизира феноменот на стареење и старост, и на сето она што староста со себе го повлекува. Романот е и книга за молкот и премолчувањето, книга за разните форми на тишината, за тишината што може да биде заштита, но и закана, а понекогаш е и неиздржлива.
Можеби најзначајна карактеристика на овој роман е токму речитоста на она што не е кажано, јасниот говор на молкот.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 290 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product ДЕНОВИТЕ КОГА ГОВОРЕШЕ ТИШИНАТА

Category:
SKU: 978-608-4654-54-4

1 review for ДЕНОВИТЕ КОГА ГОВОРЕШЕ ТИШИНАТА

  1. Rated 5 out of 5

    mladen miladinovski (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in