Депа
Возбудлива приказна за тајната љубов меѓу
Григор Прличев и Депа предолго засолната
во стар куфер со книги
„Стефановски напишал одличен роман, со дузини настани и ликови, извонредно динамичен, сосема необичен за наши прилики. Необичен - колку што јас можам да видам - по витуозната испреплетеност на времињата и дејствијата, што на романот му дава модерен здив.
Со умешност на зналец авторот се зафаќа со деликатноста на зададената си задача: напишал биографски (добро де, и футуристички) роман без ниту еден сувопарен биографски збор кој би налегнувал кон здодевна хронологија. Напротив, многу напротив.
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
Ристо Лазаров
Questions and Answers
You are not logged in