Доаѓањето на матадорот

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2023
Original title: Доаѓањето на матадорот | Num. of pages: 255 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Макс е талентиран актер, но е во сенката на грандиозната актерска кариера на татко му.

Иако со видни амбиции во професијата, изгледа дека животот има други планови за него. Една моќна жена ќе му предложи да биде главен дел од софистицирана измама, а тој нема да може да одолее барем еднаш во животот да одигра водечка улога, ризикувајќи сè што стекнал.

Гавран е маркетинг менаџер кој повеќе не може да го поднесе корпорацискиот диктат и да биде тркалце во системот што ги меле сите луѓе на оваа планета. Тој има поинаква визија, а кога ќе се вљуби во Камиј, ќе ѝ подари несекојдневен подарок–општествена револуција. Двајцата тргнуваат по стапките на Јованка Орлеанка, од Руан до Париз и Лондон…

Макс и Гавран се двајца хазардери кои смело зачекоруваат во коридата на XXI век каде што ќе бидат пречекани со многу ниски удари. Движејќи се помеѓу трилер и бурна драма, романот на Бранко Росиќ зоврива од актуелност и жестина.

„Росиќ всушност е сценарист и драматург во костум на романописец. Со задоволство би видел екранизација на неговите романи. Во раце на одличен режисер тоа би биле филмови и серии кои прецизно и убиствено би ја разобличиле трансформацијата на српското општество во последните три турбулентни децении, со посебен осврт на импотентната и самозадоволна средна класа.“
–Урош Ѓуриќ

„Возбудлив роман што точно го опишува моментот во кој се наоѓа денешното општество, а во него се среќаваат Расколников и Јованка Орлеанка на 21. век.“
–Бери Филипс

Price: 400 ден

5 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Доаѓањето на матадорот

Category:
SKU: 978-608-243-672-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Доаѓањето на матадорот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in