Добра ноќ, слатки сни
Автор:
Јиржи Кратохвил
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Dobrou noc, sladké sny |
Бр. на страни:
256 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Дејството се одигрува во Брно во текот на еден ден на самиот крај од војната, 30 април 1945. Се повлекуваат голем дел од вермахтот и од СС-дивизиите. Се враќаат заробениците од концентрационите логори, но нивните куќи и станови веќе се зафатени. Нема струја, гас, водоводот е уништен, се погребуваат луѓето по градините и парковите. Се создало таканаречено нулто време, владее хаос и несигурност што ќе се случи утре, а луѓето се подготвени да го ограбат и својот најблизок. Во таква ситуација еден човек тргнува да бара пеницилин, лекот кој прави чуда, потрага која на моменти се претвора во детективска приказна. Романот е номиниран за наградата Магнесија литера 2013. Јиржи Кратохвил (1940) е чешки писател, драматуг, есеист, публицист и новинар. Татко му бил писател за деца. Во 1952 година се преселуваат во Америка, но се враќаат за студиите. Од 1968 година т.е. од прашката пролет, заедно со автори како Хавел и Кундера, е забранет писател. Работел во фабрика, на живинарска фарма, како пожарникар и кранист, сè до 1989 година, откога станува професионален писател. Цена Повез - мека Година на издавање - 2014 Количина 10 Број на страни 256 Димензии на книгата 13x20 Превод Драган Георгиевски
Questions and Answers
You are not logged in