Дон Кихот

Издавач: Детска радост | Јазик: Македонски | Година: 1999
Оригинален наслов: Дон Кихот | Бр. на страни: 199 | Димензии: 20x14 | Корица: /

Сликовницата "Дон Кихот" од Мигел де Сервантес е првото издание на штотуку оформената издавачка куќа "Ротко книги и музика" од Скопје, околу која гравитираат група млади македонски автори од различни сфери на уметноста.

Дон Кихот е проект на триото Виктор Ирвин Иванов, уредник и издавач, Калија Киселички, автор на адаптацијата на оригиналниот текст и Марко Јанев, автор на ликовните илустрации.

Оваа македонска верзија на Дон Кихот е наменета за сите генерации, со особен фокус на децата од 7 до 12 годишна возраст, како примарна целна група.

Изработена е на ниво на елитно издание, што илустрациите на Јанев во потполност го заслужуваат. Отпечатена е на екслкузивна хартија и брои четириесетина страници под екслузивниот тврд повез. Напишана е на стандарден, современ македонски јазик, со наративна конструкција блиска до актуелните генерации. Изданието подразбира десет поглавја, со ист број на илустрации, преку кои се претставени највечатливите моменти од авантурите на Дон Кихот и неговиот сопатник Санчо Панса.

Овој бесценет бестселер со векови е четиво за многу генерации, една од првите средби на децата со жанрот фантастика, но и клучалка низ која се наѕира светот на возрасните, мечтите, фрустрациите, неостварената љубов, промашениот живот, дури и смррта се опишани на начин да бидат лесно и безболно асимилирани и од најмладите генерации.

Цена: 700 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Дон Кихот

Категорија:
ИСБН: 989PD9100202

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дон Кихот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in