Дора и Минотаурот : мојот живот со Пикасо

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Dora i Minotaur : moj život s Picassom | Бр. на страни: 209 | Димензии: 21 см | Корица: /

Пабло Пикасо, најголемиот сликар на дваесеттото столетие, и Дора Мар, неговата муза, фотографка, уметничка, жена на плажа и жена која плаче – каков бил нивниот љубовен однос во бурните години од предвечерието на Втората светска војна до нејзиниот крај, во најважниот сликарски период на славниот уметник? Во романот Дора и Минотаур: Мојот живот со Пикасо Славенка Дракулиќ, врз основа на пронајдениот дневник на Дора, го реконструира нејзиниот живот, нејзиното страдање и радост, живот во кој таа била важен дел од парискиот надреалистички уметнички круг. Пол Елијар, Жак Лакан, Жорж Батај и многу други сликари, поети и филозофи со кои Дора Мар била пријателка се дел од овој фасцинантен запис кој ја разоткрива нејзината интима и зависност од Пабло Пикасо, кој во сешто, од скината жица па до своите жени и љубовници, гледал само материјал за творење. Дора и Минотаур е величествен портрет на жена која има доживеано слом делејќи го животот и своите идеали со страсниот гениј, роман што ниеден читател, а посебно читателка нема да ја остави рамнодушна продирајќи длабоко во психата на најголемите уметници, што нè допираат како животни сопатници.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Дора и Минотаурот : мојот живот со Пикасо

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-686-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дора и Минотаурот : мојот живот со Пикасо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in