Дух

Автор: Ју Несбе
Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 572 | Димензии: 21 cm | Корица: /

1944 - Меѓу рововите кај Ленинград има многу норвешки војници кои се борат на страната на нацистите, некои сфатиле дека се борат на погрешна страна па дезертирале, некои го изгубиле својот живот, а на тие што останале живи подоцна им се судело за предавство.

Во тие ровови кај Ленинград е Даниел, кој има добра смисла за хумор кој е забавен и ги восхитува своите соборци. Во еден напад Даниел загинува, но воедно ќе ве заинтересира тоа што во една воена болница еден ранет војник се појавува и се претставува под името Даниел. Тука работи болничарката Хелена и помеѓу нив се раѓа љубов.

1999 - При посетата на претседателот Клинтон на Норвешка, на наплатната станица Хари Хуле се наоѓа на своето работно место со својот партнер Елен Јелтен, тој го застрелува агентот на тајната служба. За да се затаи убиството, а и во случај информацијата да протечи надвор во новинарските кругови Хари Хуле добива повисока функција во службата за безбедност како инспектор. Негова задача е да ги провери информациите за шверцерите со оружје со контактите во нацистичката околина. Како се одвива истрагата така романот е сѐ повозбудлив и не можете да го оставите од раце, едноставно ја голтате приказната.

2000 - Доаѓа зимата и снегот се таложи на улиците на Осло, на сцената доаѓа убиец, стар човек болен кој ги живее своите последни денови од животот, но со посебна умисла да се освети за минатото.

Цена: 449 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Дух

Категорија:
ИСБН: 978-608-10-0214-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дух”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in