Двојничка

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Body double | Бр. на страни: 361 | Димензии: 20 cm | Корица: мека

Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце. Нема крај на вчудоневидувањето кога д-р Мора Ајис ќе ги погледне личните документи на жртвата - незамисливо таа и жртвата се родени на ист датум, во ист месец, во иста година, а исто така имаат и иста крвна група. И сосема доследно на Тес Геритсен, сличностите кулминираат кога ДНК анализата покажува дека всушност д-р Мора и убиената жртва навистина се сестри-близначки. Најчудно од сè е тоа што д-р Мора воопшто не ни знаела дека некаде има своја сестра-близначка или двојничка. Зошто нејзината мајка не ѝ го кажала тоа? И што навистина се крие позади нејзината насилна смрт? Одеднаш навидум обичната работа за д-р Мора се претвора во вознемирувачко патување во сопственото минато, каде што можеби и се крие убиецот. Но, дали навистина е така или виновникот треба да го побара на сосем друго место? Дали тој цело време е пред неа, а таа не го забележува? Понатаму, заклетвата дека ќе го пронајде убиецот на својата близначка се претвора во лична опсесија, која постојано ќе ја следи насекаде и во секој чекор за на крајот да ја одведе право во цврсто исплетената мрежа од интриги на можеби најмрачниот злосторник што го сретнала во својата кариера. Дали и таа ќе стане негов плен или сепак и овде ќе важи изреката дека помудриот секогаш го победува посилниот?
Рангирано 5.00 од 5 според 9 рејтинзите на корисниците
(9 оценки на корисници)

Цена: 490 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Двојничка

Категорија:
ИСБН: 978-608-1002-15-7

9 оценки за Двојничка

  1. Rated 5 out of 5

    Катерина Ристоска (верификуван корисник)

    Книгата топло ја препорачувам на сите оние кои обожуваат криминалистичко дејствие. Лесно читлива, возбудлива и со неизвесен завршеток.

  2. Rated 5 out of 5

    Maja Jovanovska (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Даниела Карастојанова (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Odlicen triler

  5. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Navistina me voodusevi!!! Interesna,napnata,vozbudliva so presvrti i misterii do samiot kraj!

  6. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  7. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  8. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  9. Rated 5 out of 5

    Toni

    Ok

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in