Фудбалски сон
Author:
Линеке Дајкзул
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
Aan de bal |
Num. of pages:
301 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
Ова е книга за фудбалот во која при читањето ќе уживаат дури и оние што не сакаат спорт. Се чини невозможно, но не е.
Фудбалерите Рахман, Тигани и Хенри имаат талент, што значи некаква шанса да избегаат од големата сиромаштија во нивното село, во Африка. Нивниот тренер има контакти во фудбалски клуб во градот и ќе ангажира скаут да дојде и да види колку вешто тие можат да ја шутираат и водат рачно изработената топка по прашината. Конечно, кога тие тројца ќе имаат шанса да заиграат на вистински фудбалски терен во градот, забавата завршува. Тренинзите се исцрпувачки, игрите напорни, а забранетите задоволства на градот примамливи.
Наскоро Хенри и Тигани ќе мораат да се вратат дома, а само Рахман ќе ја има потребната сила на карактерот за да се пробие. По трансферот во Холандија, кога Рахман ќе се врати во селото, носејќи кул патики и нови алишта, ќе сфати дека никој повеќе не го гледа како Рахман, туку се фокусираат на неговите пари и неговиот успех. Ама и тој е сменет. Сфаќа дека не му се интересни неговите соселани како Тигани, кои повеќе сонувале за успех, отколку што би направиле нешто околу тоа.
Токму оваа драма го прави романот „Фудбалски сон“ толку силен. Дајкзул не пишува за фудбалот бидејќи е убава игра за момчиња, туку затоа што има важна порака. Оваа волшебна приказна зборува за големата жртва што понекогаш ја бара амбицијата.
Reviews
There are no reviews yet.