Германци
Дејствието се случува во 1989 година. Година кога од западна Германија во Прага стигнува последниот од пакетите што семејството Махлер редовно ги добива од крајот на 40-тите години. Истите се испраќани од страна на Клара Рисман за нејзиниот син Конрад. Но за Клара никогаш не се зборувало во семејството Махлер, па затоа по смртта на Конрад се отвораат многубројни прашања. Внуката на Клара, а ќерка на Конрад, ќе се обиде да ја пронајде својата баба и да го открие минатото на семејството, што ќе ја доведе до разоткривање на семејните трауми.
Овој роман е патување на германското семејство погодено од страдањата во Првата светска војна и во Втората светска војна, во Судетите за време на војната, и во повоена Прага. Роман кој е напишан на рафиниран јазик што е во контраст со суровоста со која се опишани животните премрежија на одделните ликови и на тој начин овозможува уште подетално да се проучи темата за загубите и искоренувањето што во многу варијации доминираат во целиот роман.
/* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-qformat:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; font-family:"Calibri","sans-serif"; mso-ascii-font-family:Calibri; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-fareast-font-family:"Times New Roman"; mso-fareast-theme-font:minor-fareast; mso-hansi-font-family:Calibri; mso-hansi-theme-font:minor-latin;}
Questions and Answers
You are not logged in