И кој да ме сретне
Author:
Отар Чиладзе
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
И кој да ме сретне |
Num. of pages:
443 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
И кој и да ме сретне … е роман за „социјалниот“ човек во кој, сепак постапките на јунакот не се мотивирани од социјалните чинители на животот, туку пред сè, од поривите и страстите што свесно или пот- свесно, најчесто ирационално, избиваат од застрашувачки меѓусебно отуѓени луѓе. Чиладзе на маестрален начин ги опишува ситуациите кога се доаѓа до привидно апсурдната помисла дека добротата го распрснува злото, или се констатира дека иднината на секоја убави- на е нагрденоста. Тоа е роман – семејна хроника, во која всушност нема ни семејство, ни хроника. Роман во кој отелотворувањето на атмосферата преовладува над настаните, а над деталните, систематични описи на ликовите пре- овладува нивната глобална проекција, со што се доловува и отвора комплексот на филозофските проблеми на човековата егзистенција. И на крај, тоа е роман во кој проекцијата на секојдневното, смислено и чудесно шири низа впечатливи симболични детали (како на пример, онаа за полудениот петел кого луѓето го убиваат, бидејќи неговото кукуригање, кое повеќе не ја најавува веќе вообичаената поделба на времето на ден и ноќ, почнува да ги лути и да ги плаши), деталите во кои често се вткаени повеќе од очигледни лирски дамари на поети кои му припаѓаат на нашето современо доба. Доба во кое сè се менува со застрашувачка брзина, и истовремено сè така застрашу- вачки се повторува; во кое напредува техниката, а како застоена бара смрди препотопската, полудива етика.
Reviews
There are no reviews yet.