Играта на филозофот
Author:
Стив Јовановски
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
The philosopher's game |
Num. of pages:
286 |
Dimensions:
125х195
|
Cover:
/
Претворањето на својата страст за филозофијата во кариера требаше да биде клучен миг за Џулијан. Но животот не му се одвива според плановите, и набргу тој сфаќа дека единствениот спас од здодевното постоење се интелектуалните дебати што се одвиваат за време на неговите предавања. Тогаш добива мистериозен имејл што му ветува промена – нешто по што копнее одамна. Треба само да ја игра Играта, според нејзините правила.
Но Џулијан набргу дознава дека ако се прекршат правилата, следува казна. Околу него се случуваат убиства и животот му е загрозен. Тој открива дека зад сето ова стои тајната организација наречена „Друштво на филозофите“. Вовлечен во играта, заедно со една од своите студентки Изабела, тргнува во разоткривање на мрачните тајни на ова опасно друштво.
Стив Јовановски пишува со вртоглава брзина. Ова е возбудлив трилер кој ќе ви предизвика морници.
Тони Блек, автор на Милја на убиства
Reviews
There are no reviews yet.