Избрани песни

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Избрани песни | Бр. на страни: 264 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Стиховите се мојата врска со времето, со новиот живот на мојот народ

Ана Ахматова, наречена кралица на руската поезија, пленува со своето мајсторство, префинетиот лиризам, лексичкото изобилство и чудесните поетски форми. Позната како претставник на акмеизмот, таа со својата драматично напната, психолошки длабока, а навидум крајно лаконска поезија, ги надминува неговите програмски насоки. Голем талент, со остар и јасен ум, Ахматова стоички ги издржува сите искушенија прераснувајќи во сведок на едно време кое можело да се преживее единствено со љубов – кон блиските, кон животот и зборот, кон татковината.

„Јас никогаш не престанав да пишувам“, вели Ахматова. „Така живеев со ритмите што звучеа во херојската историја на мојата земја. Среќна сум што живеев во тие години и што видов неспоредливи настани.“

Од нејзиното богато творештво издвоивме песни создавани од 1909 до 1969 година. Зад секој нејзин стих стои вистината на времето, сопственото и историското. Па дури и ова што денес го живееме. Мало но значајно енциклопедиско издание за секој вљубеник во убавиот збор.

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Избрани песни

Категории: ,
ИСБН: 9786082307862

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Избрани песни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in