Јаша Далматин, Вицекралот На Гуџерат

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Jaša Dalmatin Potkralj Gudžerata | Num. of pages: 244 | Dimensions: 21x13.5 | Cover: мека

Ивана Брлиќ Мажураниќ (1874-1938) е една од најзначајните писатели од класичниот период на хрватската книжевност. Позната е по своите извонредни дела од областа на детската книжевност, заради што била наречена „хрватски Андерсен“. Најпознати дела ѝ се збирката раскази за деца „Приказни од дамнина“ (1916), романот за деца „Чудните згоди и незгоди на чиракот Хлапиќ“ (1913) и историско авантуристичкиот роман за младинци „Јаша Далматин, вицекралот на Гуџерат“ (1937). Мажураниќ е преведена на сите поважни светски јазици. Била член на Хрватската академија, која двапати (во 1931 и 1938) ја предложила за Нобелова награда. Основата за приказната за „Јаша Далматин, вицекралoт на Гуџерат“ авторката ја нашла во историската студија на својот татко Владимир Мажураниќ, насловена како „Мaлик Јаша, Дубровчанецот во Индија од 1480 до 1528 година и неговите претходници во исламот пред десет столетија“. Во неа писателката докажува дека  вицекралот на  индиската покраина и кралството Гуџерат, во историјата познат како Малик Аз,  бил всушност човек по потекло од далматинските брегови, кој бил одведен во ропство. Романот е возбудлива приказна за неговиот животен пат на кој тој никогаш не си го заборавил своето потекло, ниту крстот кој му бил истетовиран под пазувата.

Price: 320 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Јаша Далматин, Вицекралот На Гуџерат

Categories: ,
SKU: 978-608-4794-19-6

Questions and Answers

You are not logged in