Каменот од твојот ден
Автор:
Јагода Михајловска-Георгиева
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Каменот од твојот ден |
Бр. на страни:
302 |
Димензии:
205 X 140
|
Корица:
/
Четворица пријатели одат на Хималаи. Само една од нив е жена и само таа нема никакво претходно планинарско искуство. Не поседува „доказни материјали” дека може заедно со нив, искусните, да искачи пет илјади метри височина, совладувајќи ги сите нешта што Хималаите ги испречуваат на патот на „освојувачите”. Единственото нешто што Таа го поседува е страсната желба да си го оствари својот животен сон. Сонот се вика: да одам на Хималаи. На прашањата, зошто сака да оди и како тоа ќе го оствари, Таа нема одговори. До нив стасува дури откако долго престојува сред Хималајскиот Универзум.Што открива жената? Што осознава? Со кого се сретнува? Што научува? Зошто? Дали Таа што тргнува е истата Таа што се враќа, или тоа се две различни жени со два живота, претхималајски и постхималајски? Во Каменот од твојот ден сите тие прашања се спојуваат во едно - прашањето за Будноста. Книгава не е ниту патопис (иако за основа го има личното хималајско искуство на авторката), ниту роман, ниту фикција, ниту стварност. Истото е што е и животот. Истото е што се и Хималаите: јаве на сон и сонување со отворени очи. Или: заедничката точка во која обете се сретнуваат - најсуштинското Јас. Мајсторот во себе. Безвремената и бесконечна Празнина!Каменот од твојот ден е добитник на Рациновото признание за 2005 година.
1 оценка за Каменот од твојот ден
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –