Карусел
Author:
Лудвиг Бауер
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Karusel |
Num. of pages:
2020 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
На самиот крај на дваесеттиот век во родното провинциско гратче ‒ замисленото, а толку вистинско Градец ‒ од Америка на погребот на својата помајка доаѓа Мирослав/Фредерик и ја среќава својата неостварена љубов од детството, незаборавната Габриела, чие што бегство со циркусот го обележало целиот негов живот. Двајцата старци се обидуваат да го разгорат пламенот на мла-дешката љубов во светот кој исчезнува, кој што исто како и столе-тието зад нив се топи како шеќерна волна. Габриела и Мирослав тоа време го проживеале сосема различно и низ нивните судбини тоа се преломува како во куќа со многу огледала. Мирослав е Евреин, на кој кога бил дете не му било кажано за неговото еврејско потекло. Тој е салонски левичар, скептик, ин-дивидуалист, научник што секогаш се сомнева, а верува само во идеалите за подобро и поправедно општество. За разлика од него Габриела, отсекогаш подготвено ја прифаќа секоја вера, било да станува збор за социјализмот, католицизмот и национализмот, а сега верува во потреба за мир и соживот. Таа на секоја вера ѝ се препушта во целост, безрезервно во неа се внесува самата себе и својата дарба за претскажување на иднината и лечење со стари, речиси вештерски методи. Низ судбината на овие необични обични јунаци Бауер дал пластична слика на хрватската провинција, нејзините жители и предрасудите што отсекогаш ги оптоваруваат. „Карусел“ е роман со силни ликови чии човечки судбини имаат универзална вредност, а нивните обиди да ја преживеат мелницата на големата историја добиваат карактеристики на вистинско херојство. „Карусел“ е темелно замислен роман и тоа го прави за еден од најдобрите романи на современата хрватска проза. Матко Владановиќ Бауер со овој вешто и со умеење напишан роман повторно нуди ’новоисториски‘ теми од ’слабата‘ позицијата на поединецот како жртва... Јагна Погачник
Reviews
There are no reviews yet.