Кон езерото : Балканско патување на војната и мирот

Publisher: ИЛИ-ИЛИ | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: To the lake : a Balkan journey of war and peace | Num. of pages: 478 | Dimensions: 20 цм | Cover: мека

„Охридското езеро е од оние места на Земјата што те тераат да се чувствуваш како нешто судбинско да те очекува. Како одамна да требало да дојдеш и затоа не можеш да поверуваш дека доцниш толку многу време.“

„Во оваа книга се раскажува за две древни езера. Има места кои се кодирани во нашите гени, но потребно е многу време да се покажат, исто како некои патешествија кои се врежани во пејзажот на нашите дни, но им треба цел еден живот за да бидат завршени. За мене е така со овие езера.

Ја чувствувам привлечната сила на Охридското езеро уште од своето најрано детство, зашто баба ми по мајчина линија, Анастасија, е од Охрид, и таа беше важна фигура во животот во оние рани години. Веќе како возрасен човек не еднаш размислував како соодветно да му се вратам на Езерото, но чувствував дека сѐ уште не сум спремна за тоа. За да се вратиш таму каде живееле твоите претци, треба да си спремен да го видиш она, што е полесно да го откажеш.

Најпосле поттикот да продолжам дојде од тревогата дека времето тече и може да се случи нешто подмолно, речиси зад мојот грб. Дека ако не се осмисли егзистенцијалниот пејзаж на мајчиниот род, можат да се повторат некои одминати модели. Дека во тој век продолжуваме да сме сведоци на граѓански конфликти и братоубиства, на политики на поделби помеѓу народите и во самите нив, на патријархална автократија и ревизионизам, на масовна емиграција и преселби – додека сме сведоци на сето тоа, самите ние можеме да се претвориме во неволни проводници на пропаста, ако не се согласиме како да се однесуваме со своето наследство“.

Price: 590 ден

5 in stock

Compare
Sold By Или-Или

Report an abuse for product Кон езерото : Балканско патување на војната и мирот

Categories: ,
SKU: 978-608-261-089-4

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Кон езерото : Балканско патување на војната и мирот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in