Крал, дама, џандар
Крал, дама, џандар е првиот од трите романи на Владимир Набоков со „германска“ тематика, по кој набргу следуваат Камера опскура и Очај. Во вештите преплети на љубовната и криминалната интрига како карти се мешаат судбината на еден успешен деловен човек, неговата жена што се здодева и сиромашниот внук од провинција – сите марионети на случајот, слеп и немилосрден во својот избор.
Младиот Франц оди во престолнината и почнува да работи кај својот далечен и богат чичко, кој го зема под своја закрила, заедно со младата сопруга. Незадоволната и студена Марта набрзо го освојува наивното момче. Нивниот копнеж се разгорува и таа почнува да крои планови како да се ослободат од сопругот, за да можат слободно да уживаат во неговото богатство и во својата љубов. По низата перипетии сенката на смртта навистина се надвиснува над нив – но настаните заземаат неочекувана насока...
Reviews
There are no reviews yet.