Крпен живот
Автор:
Стале Попов
Издавач:
Детска радост |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Крпен живот |
Бр. на страни:
328 |
Димензии:
20x14
|
Корица:
мека
Романот „Крпен живот“ од Стале Попов е битово-социјален и семеен роман. Настаните се подредени по хронолошки ред. Во него детално е опишано селото Витолиште, а опфатен е периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век. Раскажувањето е во трето лице од сезнаечки и сеприсутен наратор. Темата на романот е животот на семејството Сукаловци од мариовското село Витолиште, а идејата е да се даде целосна слика на животот (обичаите, јазикот, фолклорот) во мариовските села при крајот на XIX и почетокот на XX век. Романот претставува жива енциклопедија на животот и луѓето од Мариово и изобилува со етнографски и фолклорни обележја, детално опишани и оживеани преку ликовите, односно преку семејството Сукаловци.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.