Крв и убавина

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Blood & Beauty: The Borgias | Бр. на страни: 620 | Димензии: 21 | Корица: /

Кон крајот на петнаесетиот век , убавината и творештвото на Италија биле на исто рамниште со нејзината суровост и корупција, но никаде во толкава мера како во Рим и во самата Црква. Кога кардиналот Родриго Борџија си го купил патот до кралскиот престол и станал Александар VI, него како личност не го определувале само богатството или страсната љубов кон вонбрачните деца што ги имал тукуи самата негова крв: тој бил шпански папа во град управуван од Италијанците. За да може да ликува семејството Борџија, овој харизматичен, врвен политичар со огромна љубов за животот, жените и моќта, морал да ги искористи својата папска моќ и сопственото семејство на патот до успехот. Главно оружје му бил најстариот син Чезаре, човек со неверојатно студена интелегенција и уште постудена душа, иако се* понестабилен како личност. Подоцна овековечен во Владетелот на Макијавели, тој на татко си му обезбедувал енергија и сила. Од друга страна, ќерка му на Александар, Лукреција, која обајцата многу ја сакале, била најзначајното династичко средство. Овој роман најмногу го следи нејзиниот животен пат низ три брака: од детската наивност до болни искуства, од пион на таблата до политички играч. Разбивајќи многу митови за Борџиите, „Крв и убавина“ е величенствено дело кое одново му даде живот на ова единствено семејство, воедно величајќи ја суровата сила на самата историја..

Цена: 550 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Крв и убавина

Категории: ,
ИСБН: 978-608-10-0870-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Крв и убавина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in