Куќата на гласовите
Автор:
Донато Каризи
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
La casa delle voci |
Бр. на страни:
297 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
мека
Пјетро Гербер не е обичен психолог. Специјалист е за хипноза, а сите негови пациенти имаат нешто заедничко: тие се деца. Тие често поседуваат важни информации, закопани длабоково нивната меморија, детали што полицијата и судиите можат да ги искористат во истрагите. Пјетро е најдобриот во цела Фиренца, каде е познат како „ заспивачот на деца“. Но, при повик од другата страна на светот, од колешка од Австралија која му препорачува пациент, Пјетро реагира збунето и со недоверба. Хана хол не е дете , туку возрасна личност. Таа е прогонувана од сеќавање од детството, кое можеби не е реално. За да се открие дали тој фрагментод сеќавањето е вистинит и ли е илузија, Гербер мора да ѝ помогне да го изнесе на виделина девојчето кое се‘ уште е во неа. Девојчето со многу имиња, кое заедно со своето семејство живеело на магично место, во „ куќата на гласовите “. Десетгодишното девојче кое било сведок на убиство. Или можеби не било само сведок...
1 оценка за Куќата на гласовите
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Непредвидлива, тензична и возбудлива психолошка мистерија!
Каризи е мајстор кога станува збор за убаво склопени и заплеткани трилери 🙂