La Superba
Оваа книга е дело на еден од најважните современи европски писатели, кој решава да му напише љубовно писмо не на градот во кој е роден туку на италијанскиот град во кој живее. Џенова е наречен La Superba поради својата убавина и богата историја. Главниот херој, во кој препознаваме црти на самиот автор, ја истражува дивата страна на овој мистериозен и егзотичен град, полн со лавиринти и магија. Сè почнува со глетката на една женска нога која го фрла раскажувачот во потрагата „по најубавата девојка во Џенова“, потрага која ќе го води низ улиците на проститутките, мигрантските засолништа, пристаништата, баровите полни морнари. Оваа книга е како џебно издание на Пеколот на Данте, напишана од автор кој ужива да оди во крајности, вистински мајстор на јазикот и на раскажувањето.
La Superba е ремек-дело на Фајфер, громогласно фалено со самото објавување во 2013 година, кога ги добило наградите Либрис, најпрестижната литературна награда во Холандија, и Цум, наградата „за најубава реченица напишана на холандски јазик“.
„Да одлучеше Итало Калвино да направи еден од своите невидливи градови видлив, резултатот би можел да наликува на Фајферовата Џенова.“
Бенџамин Мозер
3 reviews for La Superba
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
в в (verified owner) –
Билјана Крстевска (verified owner) –