Ликови од меѓувреме

Publisher: Блесок | Language: Македонски | Year: 2008
Original title: Ликови од меѓувреме | Num. of pages: 251 | Dimensions: 120х170 | Cover: /

Во својата книга, Томислав Османли, еден од нашите најнаградувани сценаристи, составува три свои посебно бележити творби: сценариото за долгометражниот игран филм „Ангели на отпад“ (реализирано 1995 година), сценариото за телевизискиот филм „Стрмоглави“ (реализирано 2006 година) и монтажното сценарио за играно-документарниот и експериментален филм „По повод Манаки“ чија реализација заврши во 2007 година. Станува збор за три исклучителни сценаристички текста, од кои два ја проблематизираат положбата на човекот во транзицијата: во првото сценарио се исплетува една сугестивна, горчлива приказна за луѓето од големата циркуска претстава на пост-комунизмот, додека во второто се зборува за човечките вредности што се обидуваат да останат непотклекнати под ударот на транзиционата меркантилност и криминализација. Третото сценарио е резултатен обид да се создаде една играно-документарна филмска иронија посветена на балканскиот менталитет, остварен со реанимација на снимките од документаристичкото творештво на браќата Манаки. Во своите сценаристички творби Томислав Османли, точно според насловот на книгата, дава цели галерии впечатливи ликови, карактери и човечки судбини откривани во драматичните, македонски историски меѓу-времиња.

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Блесок

Report an abuse for product Ликови од меѓувреме

Category:
SKU: 978-9989-928-75-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ликови од меѓувреме”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in