Маѓепсница
Автор:
Дорота Тераковска
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Córka czarownic |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Длабоко во шумата, далеку од светот на луѓето, пред златокосото девојче со име Луеле е отворен светот на маѓепсничките вештини. Таа уште од мали нозе „голта“ магични книги, совладува како да чита мисли, да разговара со ѕвездите, учи да стане маѓепсница. Но не може да насети зошто го прави тоа, зошто, и покрај големите опасности, мора да патува на сите четири страни на Великото Кралство.Стотина години порано, нејзината земја е освоена од свирепите варвари. Според она што е запишано во таинствената Песна, сега, 777 години подоцна, се ближи крајот на нивното владеење. Дали поробената земја најпосле ќе се ослободи од рацете на Освојувачите? Дали на престолот ќе седне праведен владетел? Дали Луеле ќе успее да порасне? Дали ќе се исполни пророштвото?„Маѓепсница“ е првиот успешен обид да се напише фантастичен роман од рамништето на Толкин и Урсула Ле Гин и е една од најубавите фантастични сказни на сите времиња. Од 1994 година впишано на Светската листа „Ханс Кристијан Андерсен“, ова ремек-дело е уживање за сите генерации читатели.
Questions and Answers
You are not logged in