Мапата и просторот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: La carte et le torritoire | Бр. на страни: 0 | Димензии: 0 | Корица: мека

Градејќи си го името и репутацијата со изложување на фотографии од автомапите на „Мишелин“, необични дела што му носат многу пофалби од уметничкиот свет, Жед Мартeн се враќа повторно на сцената по десетгодишното отсуство. И носи добри вести, што немаат никаква врска со расипаниот котел за греење во неговиот стани, ближењето на уште една тажна божиќна вечера со неговиот татко, ниту со сеќавањата на неговата проколната љубовна врска со прекрасната Олга. Не, се работи за неговата нова изложба, во која го вклучува, верувале или не, познатиот француски писател Мишел Уелбек.Изложбата Занаети и занимања, всушност серија со портрети на обични и необични луѓе сликани како работат – му носи на Жед меѓународно признание и слава. Но, котелот во неговиот стан е сè уште расипан, неговиот оддалечен татко и понатаму паѓа во заборав, и најлошо од сè, тој е контактиран од еден инспектор, кој ја бара неговата соработка за решавање на едно грозоморно злосторство.Уметноста, парите, љубовта, односот со таткото, смртта, работата, Франција претворена во туристички рај се неколку од темите на овој роман, класично смел и модерно искрен, кој на Уелбек му го донесе највисокото фанцуско книжевно признание, наградата Гонкур.

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Мапата и просторот

Категорија:
ИСБН: 9786082300467

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мапата и просторот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in