Мил живот

Publisher: Бегемот | Language: македонски | Year: 2018
Original title: Dear Life | Num. of pages: 356 | Dimensions: 180x110 | Cover: мека

Облеани со онаа типична јасност на визијата на Алис Манро и нејзината неспоредлива дарба за раскажување, овие приказни за крајот и почетокот, за несреќата и опасноста, за заминувањето и враќањето, измислени и реални, сликаат блескави, неизбришливи портрети на чудниот, опасен и извонреден обичен живот. Едноставноста на јазикот во функција на комплексноста на животот достигнува неизмерни длабочини во чувствата.  Манровата единствена способност да ни ја дава суштината на животот во често куси, но секогаш пространи и безвременски приказни, уште еднаш е очигледна  во оваа брилијантна збирка раскази. Приказна по приказна, таа го осветлува моментот кога животот е трајно променет поради некоја случајна средба, непреземен чекор, или едноставно поради играта на судбината која ја носи личноста од вообичаениот, навикнат пат кон нов начин на битисување или размислување. 

Price: 350 ден

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Мил живот

Category:
SKU: 978-608-4718-92-5

Questions and Answers

You are not logged in