Мојата роднина Емилија

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Мојата роднина Емилија | Бр. на страни: 184 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

Романот, или збирката раскази - според префенциите на читателот - насловен/а ,,Мојата роднина Емилија'' е приказна за детството и младоста на младиот неименуван наратор и неговата исто толку млада роднина. Местото и времето на случување се јасно определени: Скопје за време на Втората светска војна. Но, како што читателот несомнено забележува, тие се само предлошка на фантастичниот свет карактеристичен за речиси сите дела на Влада Урошевиќ.

Скопје на Урошевиќ е целосно ,,изместено'': скриени врати и тајни премини постојано го прекршуваат просторот, а оживеани сеќавања и градби што одамна не постојат го прекршуваат времето; еднорози и други фантастични животни изникнуваат во дворовите и покрај фактите во енциклопедиите; чудни кореспонденции водат и до уште почудни средби, до многубројни каталози на егзотични и мистични предмети и појави; и, на крајот на се, еден брод што плови по една непловна река.

Делото ..Мојата роднина Емилија'' или ,,Осумнаесет затворени раскази кои сочинуваат еден отворен роман'' е една голема и возбудлива авантура што со сигурност никого нема да остави рамнодушен.

Цена: 360 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Мојата роднина Емилија

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-362-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мојата роднина Емилија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in