На полпат: (критика или молк)
Author:
Оливера Ќорвезироска
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
На полпат: (критика или молк) |
Num. of pages:
310 |
Dimensions:
21 цм
|
Cover:
мека
„Книжевната критика е неодминлив дел од творечкиот опус на Оливера Ќорвезироска. Нејзиното критичко око е вперено најчесто кон современата македонска продукција, но и кон регионалната и поретко – светската книжевност во од.
Критичкиот механизам на Ќорвезироска функционира како преса со која се притиска, се цеди и се гмечи секој новопојавен текст што сè уште мириса на печатарско рулче. А, пак, за да функционира беспрекорно оваа комплексна машина, подмачкана е со сета ерудиција, наобразба и писателско искуство на авторката.
На полпат (критика или молк) е нејзина трета збирка со критички текстови, во која се собрани 44 осврти кон домашни, регионални и едно странско издание, поделени во три дела и пишувани во периодот од 2016 година до денес.“
Бисера Бендевска
„Во ова изместено време на многу писатели и малку читатели, реткост е да се најде некој што посветено чита и пишува книжевна критика. Уште поретко е да се најде писател што чита и што пишува книжевна критика. Од ова, уште поретко е да се најде добар писател што чита и што пишува книжевна критика. А, најретко од сè е да се најде добар писател што чита и што пишува добра книжевна критика, а токму тоа е она што се споило во оваа книга.“
Елизабета Баковска
Reviews
There are no reviews yet.