На работ на светот
Автор:
Виолета Танчева–Златева
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
На работ на светот |
Бр. на страни:
70 |
Димензии:
21см
|
Корица:
тврда
Соочувањето со светот на чиј раб стоиме во актуелниот миг е колективно искуство и поетесата не случајно го користи множинското ние во кое се огледува секое јас, отсутно и присутно, осамено и масовно, одродено и очовечено.
Тишината во песните е глаголива и во нејзиниот збор и дејство се случуваат и животот и смртта чии звуци сепнуваат и стаписуваат со сета своја егзистенцијалистичка мачнина и длабочина.
Но хуманистичката порака на оваа поезија e сепак јасна: не смееме да скокнеме од работ на светот во неговата бездна туку во нашето срце, и во него да ја побараме Божјата димензија на човечкото во нас.
Токму затоа, „На работ на светот“ е катарзична стихозбирка и за нас и за светот, и како сведоштво на големото искушение на човештвото што ни се случува и како негово надминување преку „пенкало и тетратка за толкување на значењата, преку Песна“.
Лидија Димковска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.