Невидливиот живот на Ади Лару

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: The invisible life of Addie LaRue | Num. of pages: 532 | Dimensions: 145/205 | Cover: тврда

Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ù ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети... „Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.

Price: 560 ден

17 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Невидливиот живот на Ади Лару

Categories: ,
SKU: 978-608-267-446-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Невидливиот живот на Ади Лару”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in