Ниогаш на врвот
Author:
Паоло Коњети
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Senza mai arrivare in cima |
Num. of pages:
116 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
мека
Книгата „Никогаш на врвот" oд Паоло Коњети е патописна проза за негоите патешествија до најголемите земјени височини. На Хималаите. Раскажува топло и детално за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот, зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена, понекогаш изненадувачка, непредвидлива, сурова, бескрајна, величествена, фантастична и мистична. Коњети пишува за патување по мистични предели и на умот, и на телото, и на духот. Пишува за магијата на планинската височина и за длабочината на човечката душа. Пишува со душа. „Никогаш на врвот“ ѝ припаѓа на одличната патописна литература, напишана за патувањето во далечниот хималајски регион на Непал – приказна за тоа како еден човек постигнува поголемо самосознание на 4000 метри додека го прави секој следен чекор. Регионот Долпо, застанат во своето минато, го обзема Паоло Коњети со древната планинска култура каде што животот може да биде неодолив, особено за малубројното население кое се плаши од експлоатација. „Никогаш на врвот“ е повеќе од патописен дневник. Тоа е топла и евокативна приказна за соочувањето со физичките ограничувања, за ерозијата на многу стари вредности, за убавината на некои мали нешта како што е неочекуваната средба со тибетско куче итн., а тоа е, всушност, приказната за наоѓањето на рамнотежата во самиот себе. Паоло Коњети раскажува за своите незаборавни искуства на Хималаите на свој уникатен, класично елегантен стил, со големо познавање на магијата на планинската височина и на длабочината на човечката душа.
Reviews
There are no reviews yet.