Ноќниот воз за Лисабон
Автор:
Паскал Мерсие
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Nachzug nach Lissabon |
Бр. на страни:
398 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Рaјмунд Грегориус предава класични јазици на швајцарскиот лицеј, и живее рутински живот. Еден ден случајната средба со една жена го доведува до неверојатна книга што ќе го поттикне да го преиспита и да го промени својот живот. Истата ноќ, тој се качува на воз за Лисабон, а со него патуваат и зборовите на Амадео де Прадо, лекарот чиишто принципи се судриле со диктатурата на Салазар.Вовлекувајќи се во записите и рефлексиите на таинствениот Португалец за љубовта, осаменоста, конечноста, пријателството и смртта, Грегориус ги следи трагите на тој фасцинантен човек и постепено го запознава. Возбудливото патување го води сè подлабоко во португалската историја проткаена со легенди, но и длабоко во сопствените мисли и сеќавања.Можеме ли едноставно да ги напуштиме нашите животни патеки? Што значи вистински да се спознае некој друг човек? И колку точно се познаваме себеси? Во овој роман станува збор за едно патување, не само низ Европа и нејзината историја, туку и низ нашите чувства и размислувања: еден многугласен еп, литературна радост за умот и чувственоста.„Книга што се чита речиси без здив, што не се остава... Прирачник за душата, интелектот и срцето“. Die Welt
Оценки
Сѐ уште нема оценки.