Новогодишна бајка

Publisher: Едука Мак | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Новогодишна бајка | Num. of pages: 14 | Dimensions: 20х20 | Cover: мека

НОВОГОДИШНА БАЈКА е сликовница во која преку содржината на дејството и измислени нечовечки суштества се делува на развојот на фантазијата кај децата, а со својата едукативност изобилува со воспитни пораки и морални поуки.

Во оваа модернизирана бајка се раскажува за заминувањето на старата година прикажана како старица со сребрен шал која мавтајќи со рака се поздравува оставајќи вредносни мисли за тоа што поминало и доаѓањето на Новата година која е претставена како млада убава девојка која носи благослови на сите деца. Таа доаѓа на својата прекрасната кочија заедно со трите добри самовили коишто ја презираат себичноста кај луѓето. Кочијата е украсена со љубов кон децата, па од таму сите нечовечки и нереални ликови зрачат со оптимизам и добрина и пренесуваат богатство на потреби и желби за децата од нематеријален карактер. На крајот од бајката секако неизоставен е и Дедо Мраз и подарокот за Супер Смешка како исполнување на нејзината желба, а желбата секако е нова книга со што се влијае на развојот на љубовта кон книгата.

Благодарение на импозантните илустрации оваа бајка е навистина нешто необично и посебно.

Price: 100 ден

10 in stock

Compare
Sold By Едука Мак

Report an abuse for product Новогодишна бајка

Categories: ,
SKU: 978-608-495112-4

Questions and Answers

You are not logged in