Од агендата на Калина Калин
Автор:
Лилјана Пандева
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
ОД АГЕНДАТА НА КАЛИНА КАЛИН |
Бр. на страни:
118 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Калина Калин може да е секоја жена во светот. Таа има реални проблеми, ѝ попушта мочниот меур, па кивањето ѝ е ризик; се труди да го преброди неверството на сопругот и разводот и, сепак, да продолжи да се соочува со сите предизвици што стојат пред една жена и мајка: непријатни родителски средби, здравствени проблеми, реновирања дома и главоболки од мајстори, првата љубов на ќерка ѝ и ред други животни згоди и незгоди па, згора на тоа, и да тера успешна кариера. И сето тоа го прави со таква ведрина, со лесен, пријатен хумор и духовитост што не можете, а да не ја замислите како ита низ животот со цврст чекор. Во тоа ѝ помагаат и сестрата близначка која е сè што не е Калина, но е нејзиното потиснато „јас“, и безусловната мајчинска љубов. Секојдневието на Калина Калин и ќе ве развесели и ќе ве натажи, но и ќе ве потсети дека без оглед на сите животни искушенија „таа е тука, уште е жива!“. Ако не сте ја запознале досега, крајно време е да го сторите тоа. Нема да зажалите!
Questions and Answers
You are not logged in