Олива, повторно
Author:
Елизабет Страут
Publisher:
Просветно дело |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Olive, again |
Num. of pages:
311 |
Dimensions:
24 см
|
Cover:
/
Од добитничката на Пулицеровата награда, најпродаваната авторка на „Олива Китериџ“ и „Моето име е Луси Бартон“, според Њујорк тајмс
„Извонредна писателка“, Зејди Смит
„Извонредно надарена раскажувачка и експерт во својата лига“, Хилари Мантел
„Роман кој претставува вистинско богатство“, Сандеј тајмс
„Олива, повторно“ ја следи острата, контрадикторна, но, сепак, симпатична Олива Китериџ додека старее, пловејќи низ втората половина од својот живот додека се приспособува на промените — понекогаш добредојдени, понекогаш не — во своето постоење и на оние околу неа.
Олива се приспособува на својот нов живот со својот втор сопруг, ги предизвикува отуѓениот син и неговото семејство да го прифатат новиот сопруг, доживува загуба и осаменост, ги гледа успесите и тагата на пријателите и соседите во малиот крајбрежен град Крозби, Мејн — и, конечно, се отвора себеси за нови лекции за животот.
„Моќна раскажувачка, длабоко внесена во нијансите на човечките односи“, Обсервер
„Со секоја нова книга, таа станува сè подобра“, Меги О’Фарел
„Нејзиното пишување е извонредно; нејзината визија е безгранична. Каква возвишена книга.“, Рејчел Џојс „Величествено“, Тајмс
„Совршен роман“, Фајненшл тајмс
Reviews
There are no reviews yet.