ОНЛАЈН ДЕВОЈКА
„Сонувам за тоа сите тинејџерки потајно да се чувствуваат како мене. И можеби еден ден, кога ќе сфатиме дека сите се чувствуваме исто, ќе престанеме да се преправаме дека сме нешто што не сме. Тоа би било прекрасно. Но дотогаш јас искрено ќе зборувам за тоа на овој блог. И ќе го кријам тоа во ’стварниот живот‘.“
Пени има тајна. Под псевдонимот Онлајн девојка, таа блогува за она што навистина го чувствува во врска со пријателството, момчињата, своето кул семејство и нападите на паника што ѝ го контролираат животот. Блогот ќе ѝ донесе многу истомисленици и следбеници, но животот надвор од Интернет ѝ тргнува наопаку.Кога ситуацијата навистина ќе се влоши, со семејството оди во Њујорк, каде што го запознава Ноа – шармантниот и таинствен гитарист. Пени веднаш се вљубува – и го опишува секој миг на својот блог.
Но и Ноа има тајна. Тајна која се заканува да ѝ ја загрози анонимноста на Пени – но и нејзиното долгогодишно пријателство со Елиот...
„Очигледно е дека Зои ги знае сите замки во онлајн светот, а нејзините проникливи забелешки за чувствителниот адолесцентен период во оваа дигитална доба ја прават Онлајн девојка навистина посебна книга.“ Booklist
Reviews
There are no reviews yet.