Основи на какодалогијата
Автор:
Иван Станковиќ
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Osnovi kakodalogije |
Бр. на страни:
252 |
Димензии:
140х230
|
Корица:
/
Поучна, духовита, горко искрена и, на моменти, потресна книга на Иван Станковиќ, која како рамка на раскажувањето го употребува феноменот на подемот и падот на првата мултинационална адвертајзинг компанија „Сачи и Сачи“ на просторите на поранешна СФРЈ . Општествениот феномен во кој се претворила оваа култна агенција, како центар на целосно нова парадигма на мислење, е само паралела за една подлабока животна порака за истрајноста, вербата во сопствената сила и способноста да се учи на туѓите грешки. Преку низа од неверојатни, а вистинити настани, авторот нè води до спознанието што на новите млади генерации денес им е најпотребно.
Книгата „Основи на какодалогијата“ ја карактеризираат автентичен книжевен простор и анегдоти во кои се нашле некои од познатите личности од нашето време заедно со авторот. Со својата непосредност, но и стручност, Иван Станковиќ му дава сила на читателот да тргне кон саканата цел, да не се вивне поради успехот, да не падне поради неуспехот. На тој начин оваа книга, како навистина автентично сведоштво за законите, квалитетот и стилот на адвертајзингот од агол на еден од пионерите на оваа професија на Балканот, се претвора во мудар учител на животните вистини.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.