Пакет – Љубов
1. Грациела
„Грациела“ е еден од најубавите љубовни романи на романтизмот, а во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика.
2. Украдена љубов
Осумте живи, реални и безвремени приказни, изострени и совршени, непоколебливи и способни да возбудат и да разочараат, Дача Мараини ги раскажува за светот поделен меѓу оние коишто со исконската тврдоглавост другиот го сметаат за објект што го поседуваат и од кого очекуваат да им робува. Покрај сите убави нешта што се поврзуваат со љубовта, ова четиво нуди една нејзина димензија по малку сурова, но за жал и многу реална.
3. Небото на паднатите
Мега-хитот Небото на паднатите е еден од најчитаните романи на Полјаков – има петнаесет изданија на руски јазик и е продаден во стотици илјади примероци.
Досега се снимени два играни филма според мотивите на ова дело.
Ликовите во романот се обични човечки грешни души на коишто авторот, со својот карактеристичен стил на пишување, им дава малку демонска, малку ангелска природа, и суптилно, но доволно храбро, ни опишува колку парите можат да ја разорат човечката душа. Љубовта помеѓу младиот бизнисмен и неговата секретарка, која авторот ја вткајува во приказната е една чудна, фатална, трагична и слепа љубов, пронижана со неверства, казнувања и меѓусебна зависност, но за денешното современо време многу реална. Сарказмот, луцидноста и ненаметливиот хумор, алузиите, богатиот јазик и комплексноста на ликовите, го прават романот повеќе од обична љубовна приказна.
Reviews
There are no reviews yet.