Парите или животот?
Автор:
Вики Робин
,
Џо Домингез
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Your money or your life |
Бр. на страни:
331 |
Димензии:
21 цм
|
Корица:
мека
Предупредување до читателите: содржината на оваа книга може да ги потресе основите на вашиот живот. Ова е најлуцидната, најпроникливата и најзначајната книга за пари што ќе ја прочитате. Веројатно зашто во неа не станува збор за пари, туку за она за што ја разменуваме нашата животна енергија.
Ова не е книга за личните финансии, туку за животот и како да го структурирате вашиот за да одговара на вашите вредности. И тоа не преку бескорисни совети како „следете ја страста“, туку на многу подлабоко ниво. Ви помага да откриете колку е „доволно“ за вас – точка во која сте задоволни и исполнети, единствена за секој. Иако вежбите во книгата се за управување со вашите пари, прашањата и советите се поврзани со ограничениот број часови што ни остануваат во животот и начините на кои можеме да внесеме смисла во нив.
Без разлика дали штотуку го почнувате вашиот финансиски живот или сте пред пензија, оваа книга ќе ви покаже како да:
се ослободите од долговите и да заштедите
заштедите преку зголемена свесност и добри навики, а не преку строго штедење
го расчистите животот и да живеете подобро со помалку
ја вложите вашата заштеда и да се збогатите
и уште многу други важни работи!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.