Патувам сама
Автор:
Самуел Бјорк
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Det henger en engel alene i skogen |
Бр. на страни:
432 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
/
„Патувам сама“ постигна извонреден интернационален успех кај читателите низ светот, а беше избран и за најдобар во бестселер-листата на германскиот весник Der Spiegel. Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа. Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“. Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденче… Комплексен, софистициран и застрашувачки трилер, кој нема да престане да ве шокира и изненадува до последната страница.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.