Петрови во грипот и околу него
Автор:
/
,
Алексеј Саљников
Издавач:
Издавачка куќа Муза |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Петровы в гриппе и вокруг него |
Бр. на страни:
380 |
Димензии:
13X20
|
Корица:
мека
Петров се разболува од грип и наместо да се врати дома, му дозволува на својот познаник да го поведе со себе на луда пијанка, и тоа со погребно возило, во кое има мртовец. По Петров еден по еден од грип се разболуваат и другите членови на семејството. Ова е роман за грипозниот делириум во кој запловуваат Петрови.
Според романот Петрови во грипот и околу него (2018) снимен е филмот Петрови во грипот, премиерно прикажан на Канскиот фестивал (2021).
Алексеј Саљников е роден 1978 година во Тарту, а во моментов живее во Екатеринбург. Автор е на четири романи. Саљников пишува како никој друг денес, – свежо, како првиот ден на создавањето. На секој чекор му го поместува патот под нозете на читателот, го тресе вестибуларниот апарат истрениран од долгогодишното читање „нормални“ книги. – Галина Јузефович.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.