Пишувајќи ја љубовта

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Warraq al-hubb | Num. of pages: 115 | Dimensions: 21 см | Cover: /

Таа потврдно кимна со главата. Потоа внимателно ме погледна. „Со што точно се занимаваш?“ Откако ја испив последната голтка кафе со неучтивост достојна за Циган, одговорив: „Романсиер.“ Станав и бев сигурен дека овој пат „маста во кајмакот“ не беше изгубена. Ја платив сметката и се поздравив со неа. Си заминав горд како паун. Движејќи се горе-долу на работ на плоштадот Ал-Умави, повеќе од седум минути чекав да помине такси, но залудно. Тогаш, „дамата со камелии“ се појави пред мене во близина на ѕидот од библиотеката. Таа беше. Изгледаше повисока и поубава. Се упати кон мене. „Сè уште си овде?“ Веднаш одговорив: „Можам да го почувствувам мирисот на твојот букет на повеќе од двесте метри.“ Започнувајќи ја оваа литературна и романтична авантура, амбициозниот романсиер не води низ улиците на Дамаск, по книжарниците, библиотеките, историските споменици, кафулињата и населбите што ги носат трагите на историјата и можностите на иднината. Со помош на богатата историја, нарациите, текстовите, мемоарите и луѓето што го окупираат умот и секојдневниот живот на нараторот, Пишувајќи ја љубовта упатува критика на модерното општество и нуди разигран тестамент за целната природа на пишувањето и разните начини на вљубување. Калил Свеиле е роден во Хасака, Сирија, во 1959 година, а во 1986 дипломирал литература и книжевност на универзитетот во Дамаск. Тој е автор на три збирки поезија и на романите „Експрес пошта“ (2004), „Не обвинувај ме“ (2006) и „Зухур, Сара и Нериман“ (2008) и „Пишувајќи ја љубовта“ кој воедно ја доби и престижната книжевна награда „Нагиб Махфуз“.

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Пишувајќи ја љубовта

Category:
SKU: 978-608-253-048-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Пишувајќи ја љубовта”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in