Под притисок

Publisher: Блесок | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: Pod pritiskom | Num. of pages: 428 | Dimensions: 140x200 | Cover: /

Кај Шехиќ нема непотребни толкувања, лажни морализирања, какви било обиди на неупатените од високо да им се појаснат некои работи, а политичка коректност нема ни меѓу редови... Едноставно, нему тоа не му треба. Тој за војната знае сè зашто ја искусил на сопствената кожа. Нема во оваа книга сезнаен, божествен поглед одозгора; Шехиќ буквално ја опишува војната од перспективата на нишан на калашников. Затоа, оваа книга е брутална, натуралистичка, чесна и бескомпромисна. Неговите ликови гинат и убиваат, пљачкосуваат трупови, куќи, се опиваат, предизвикуваат тепачки, парадираат пред огледало во униформа симната од мртов војник, што е сцена достојна на антологиската филмска сцена од „Таксист“ на Скорсезе (тоа е сцената кога ветеранот пред огледало вади пиштол и го изговара легендарното Are you talking to me?!). Понатаму, дрогата и алкохолот кружат во големи количества, и тие се тука, парадоксално, како последна одбрана на здравиот разум. Но, што е уште поважно, Шехиќ со тој парадокс не зборува толку за ликовите, колку за времето во кое тие живеат. Алкохолот и дрогите се тука како средство за бегство во подобра, паралелна стварност, за бегство во илузија на животот. Според книжевната постапка, Шехиќ им е најблизок на Бабел и Хемингвеј. Како во Бабеловата „Црвена коњица“, и кај Шехиќ бруталностите и натурализмот како на филмска лента се менуваат со фини лирски опсервации, што има разорен ефект врз читателот. Јосип Млакиќ

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Блесок

Report an abuse for product Под притисок

Category:
SKU: 978-9989-59-361-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Под притисок”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in