Погрешно место, погрешно време

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Погрешно место, погрешно време | Бр. на страни: 334 | Димензии: 21 цм | Корица: мека

Можеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?

Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е.

Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена.

Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено.

Додека не се разбудиш. . .
. . . на вчерашен ден.

И тогаш повторно се будиш. . .
. . . на завчерашен ден.

Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .

Цена: 520 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Погрешно место, погрешно време

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-260-214-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Погрешно место, погрешно време”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in