Правта на библиотеките

Original title: Правта на библиотеките | Num. of pages: 504 | Dimensions: 21 | Cover: /

Кој не умрел во книжевното дело, нема да умре никогаш. Големото „петокнижје“ на Митко Маџунков почнува со Времето на ирвасите, по што следуваат Птиците од ланските гнезда, Непостојната книга (необјавено), Правта на библиотеките и Времето пред приказната. Со двојното појавување на поимот „време“ во самите наслови на делата, на почетокот и на крајот од циклусот, се подвлекува и една од централните теми на оваа, во нашата книжевност единствена романескна целина. Станува збор за грандиозно дело кое ќе се коментира во времињата што се пред нас, и од кое ќе се бараат решенија и насоки. Во Правта на библиотеките, наспроти „лажниот“ Дон Кихот како редукција на донкихотските вредности во нашиот свет, се појавува „вистинскиот“ Дон Кихот кој низ каталошкиот книжен виор слегува во подземјето, каде што, со другите ликови на делото, води битка за „спас на светот“ преку книгата и сè она што таа го олицетворува. Акад. Георги Старделов Кога беспоговорно би го следеле Хорациј, би рекле дека Митко Маџунков напишал совршено дело за меморијата и антимеморијата! И тоа би било доволно. Но Правта на библиотеките е нешто повеќе од тоа. Овој роман на Маџунков е антологија на суштествувањето составена во најголем дел од самите ликови во романот. Како секоја базична книга, романот го поставува и прашањето каде оди овој обездушен и обескнижен свет базиран врз рециклирање, и каде во тој свет се малите народи и нивниот идентитет?... Во тој вител на чудесни и чудни глетки и привиденија, се чини дека наративната оска постојано е вкопана во македонската почва. Блаже Миневски

Price: 500 ден

3 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Правта на библиотеките

Category:
SKU: 978-608-230-674-2

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Правта на библиотеките”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in